Унгарски весник: Македонија покажа дека помина времето кога во ЕУ се влегуваше по секоја цена
Македонските избирачи и удрија шлаканица на Европската унија откако направија невалиден референдум, кој требаше да ги отвори портите за преговори, напиша денеска унгарскиот лево-ориентиран весник „Непшава“.
Напразно доаѓаа Себастијан Курц, Ангела Меркел и Јенс Столтенберг, бидејжи не разбраа како функционираат балканските земји, пишува унгасркиот весник. Врвулица западни лидери се обраќаа до граѓаните да го поддржат договорот помеѓу официјално Скопје и Атина и да се придвижат напред кон ЕУ и НАТО. Но само нешто повеќе од една третина од гласачите зедоа учество, што е доста помалку од потребната една половина плус еден. Европската унија треба се погледне во огледало и да се запраша зошто се случи таков епилог, да се подзамисли дека повеќе не е симбол на прекрасниот нов свет, на кој секој сака да му се приклучи независно од цената, пишува изданието.
Во продолжение весникот ги објаснува следните постапки на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и напоменува дека референдумот е само консултативен, па според тоа може да се премине на обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени или втора варијанта - предвремени парламентарни избори.
