Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарски турист загина во сообраќајка на автопатот „Пријателство“ во близина на Катланово

Унгарски турист загина во сообраќајка на автопатот „Пријателство“ во близина на Катланово

Унагрски граѓанин кој патувал по автопатот Скопје - Велес го загуби животот во сообраќајна незгода. 

Како што информира МВР, до несреќата дошло вчера во попладневните часови, при што се судриле товарно возило „фолксватен“ и мотоцикл „хонда“. 

Од ударот, возачот на мотоциклот, Ц.Б. починал на лице место, додека неговата сопатничка, исто така од Унагарија била пренесена во болница. 

- На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Унгарија. 

На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Унгарија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес - посочуваат од МВР.

Слично

Поврзани вести