Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарски портпарол му твитна на Хан за Груевски

Унгарски портпарол му твитна на Хан за Груевски

За случајот со одобрениот политички азил на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач преку Твитер му одговори на Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, кој претходно побара објаснување од унгарската Влада за оваа одлука. 

Тој му напиша на Хан да почне да го чита извештајот на Европската Комисија од март 2018 година за Македонија во којшто пишува за „постоење на ризик од политичко влијание врз судството“.


Завчера Груевски доби политички азил во Унгарија, земја каде е од минатата недела откако избега од Македонија. 

Слично

Поврзани вести