Унгарската полиција нема информации како Груевски влегол во нивната земја?
Унгарското Министерство за внатрешни работи нема информации за тоа од кои земја и низ кои гранични премини поранешниот премиер, Никола Груевски влегол во таа земја, се вели во писмениот одговор на МВР на Унгарија, на барање за Радио Слободна Европа.
Унгарската полиција на барање за пристап до информации од јавен карактер, се изјасни дека немаат информации за тоа зошто и дали Груевски користел дипломатски автомобил, како и каде Груевски го поднел барањето за политички азил.
Слично
