Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарска компанија ќе му помага на Градот Скопје да најде концесионер за трамвајот

Унгарска компанија ќе му помага на Градот Скопје да најде концесионер за трамвајот
Унгарската компанија „Vialto Consulting“, е консултантската куќа, со која град Скопје потпишал договор за реализација на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајски систем за превоз на патници во Скопје. На конкурсот пристигнала само понудата од унгарската компанија. Според договорот, унгарскиот консултант во рок од 15 месеци треба да најде соодвттен концесионер за изградна на трамвајскиот систем. Градот Скопје договорот го склучил на 21-ви минатиот месец за услугите на унграската комоанија ќе и плати околу 95.000 евра. Изградбата на трамвајот беше еден од главните адути на градоначалникот на град Коце Трајановски на последните локални избори. Последниот тендер за избор на фирма за јавно приватно партнерство за трамвајскиот систем, пропадна. Една од причините беше тоа што на јавниот повик единствената компанија што се пријавила, Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација, не ги исполнила тендерските услови. Потоа градските власти решија прво да најдат консултант за изработка на проект, па потоа да се објави меѓубнародниот тендер за избор на јавно приватно партнерство за изградба на долго најавуваниот трамвајски систем. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 243 милиони евра. Засега не е познато дали ќе има промена во тендерските услови. Според условите во претходниот тендер в инвестицијата со по 50 % ќе учествуваат Градот Скопје и Владата. Концесионерот е должен да изгради трамвајска линија со должина од 24 км, трамвајски станици, депоа, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување (вршење јавен превоз на патници) и да ја одржува трамвајската линија. Со трамвајскиот систем е предвидено концесионерот да стопанисува 35 години, а по истекот на овој период, приватниот партнер е должен предметот на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство со сите додатоци и подобрувања да го предаде во владение на Градот Скопје, кој понатаму ќе продолжи да ја врши дејноста превоз на патници. Ј.С  
Слично

Поврзани вести