Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНГАРСКА БОМБА: Доби ли Груевски азил од Орбан?

УНГАРСКА БОМБА: Доби ли Груевски азил од Орбан?

Додека Македонија ги испрати документите за екстрадиција Никола Груевски можеби ќе добие азил во државата со која владее Виктор Орбан а кој важи за близок пријател на почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ кој избега од земјата за да не лежи затворска казна.

Унгарските медиуми на големо пишуваат за азилот на Груевски.

Канцеларијата за имиграција и азил на Унгарија одлучила да го одобри барањето на македонскиот премиер Никола Груевски за политички азил во Унгарија, јавија тамошните медиуми. Таа вест не е ниту потврдена ниту пак демантирана до овој момент од унгарските власти.

Медиумите пак кај нас, наведуваат дека одлуката е донесена по скратена постапка, додека не се прецизира дали барањето е прифатено или одбиено.

Албанската агенција ИНА јави дека Груевски двеќе добил азил во Унгарија а ова не треба да чуди ако се земе предвид фактот дека екс премиерот е во доста блиски и пријателски односи со Орбан кој му даваше неизмерна поддршка во кампањата.

Унгарскиот портал 24.hu пишува дека Канцеларијата за миграција го одобрила азилот на Груесвки, но досега како се наведува, официјални информации за тоа нема.

Слично

Поврзани вести