Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија уште молчи по пишувањата за одобрениот азил на Груевски

Унгарија уште молчи по пишувањата за одобрениот азил на Груевски

Се повеќе унгарски, регионални но и светски медиуми ја пренесоа веста дека Никола Груевски добил политички азил од пријателот Виктор Орбан.

Веста која ја пренесуваат медиуми блиски до унгарската власт дека му е одобрено барањето на бегалецот унгарските власти засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат.

„Поранешниот премиер, кој конечно беше осуден, го оправда своето барање дека сегашната влада во Македонија сака да му ја земе слободата со антидемократски чекори, без никакви правни докази, злоупотребувајќи го обвинителството и судскиот систем“, се пишува во унгарските медиуми во образложенијата дека барањето за азил е одобрено. 

Како што се пишува, според наводи на Груевски против него биле донесени незаконски решенија.

Од она што се дознава е дека била спроведена детална проверка на податоците кои Груевски ги навел во апликацијта по што унгарските власти, пишува овој медиум, ги разгледувале стравувањата дека неговиот живот ќе биде во опасност ако се врати во Македонија затоа што македонските власти нема да го заштитат.

Исто така се наведува дека на 14 ноември го повторил своето официјално сослушување дека не барал заштита во Србија и Црна Гора, бидејќи се плашел дека овие две држави ќе го предадат на македонските власти. 

Во некои медиуми се оди до тоа ниво што се пишува дека Груевски наведувал дека стравот му е толку голем што ако завршел во затвор би можело да биде убиен.

Имено, Министерството за правда попладнево соопшти дека го испратило барањето за екстрадиција на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ до Министерството за правда на Унгарија.

– Барањето за екстридиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата, се вели во сопштението.

Слично

Поврзани вести