Унгарија отвори Конзулат во Македонија, Данела Арсовска почесен конзул
Денес во Штип на официјална свечена церемонија беше отворен Конзулатот на Унгарија. На настанот присуствуваа министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, унгарскиот амбасадор д-р Ласло Дукс, министри дипломати и претставници на деловната заедница.

Конзулатот ќе делува со фокус на економската билатерална соработка со цел интензивирање на економската активност и зголемување на трговската размена.
За почесен конзул е назначена Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.


Слично
