Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија ја стопира истрагата за Никола Груевски?

Унгарија ја стопира истрагата за Никола Груевски?

Унгарските власти ја запреа истрагата за екс-премиерот во бегство, Никола Груевски,  пренесува унгарскиот портал 444.ху.

Утврдено е дека Груевски имал валидни патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини. Тоа значи дека влезот на Груевски во Шенген зоната е во согласност со сите закони.

Кај Груевски немало никакво незаконско преминување на границата, пишуваат унагрските медиуми. 

Груевски лани избега во Унгарија, за да не оди во затвор за случајот „Тенк“, а потоа неколку пати се обрати преку својот Фејсбук профил, но имаше и интервјуа за македонски и српски медиум. 

Слично

Поврзани вести