Унгарци ќе не чуваат од илегални емигранти
Унгарија испрати нов контингент гранични полицајци во борбата против илегалната емиграција во Македонија. Унгарската амбасада во Скопје соопшти дека тие ќе ја извршуваат својата мисија на јужната граница.
Станува збоир за 44-иот унгарски полициски контингент составен од 30 полициски службеници кои пристигнаа вчера во Дојран.
Од почетокот на големиот бран на бегалци-азиланти од Блискиот исток во 2016 година па до денес повеќе од 700 унгарски полициски службеници дoсега веќе служеле во Македонија.
-Унгарија е посветена да им помогне на локалните власти во борбата против нелегалната миграција и трговијата со луѓе, и ќе продолжи да обезбедува полициска помош на Република Македонија додека е потребно, се наведува во соопштението од Амбасадата.
