Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНЕСКО ќе носи важна одлука за Охрид-институциите не знаат како да го заштитат Бисерот?

УНЕСКО ќе носи важна одлука за Охрид-институциите не знаат како да го заштитат Бисерот?

Дали Охрид ќе остане под капата на УНЕСКО и има ли државата капацитет да го зачува статусот кој бисерот на земјава го има . Се прашања кои јавноста но и експертите ги поставуваат а во Баку до петок ќе се донесе важна одлука за состојбата на светското културно и природно наследство на Охридскиот региот и предлогот тој да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност.

УНЕСКО во најновиот нацрт извештај за охрдскиот регион порачува тој да биде ставен на листата загрозено светско наследство при што според експертите тоа нема да значи тргање на заштитата на УНЕСКО туку нејзино зајакнување.

Од мисијата на УНЕСКО се утврдени големи загрозувања на заштитеното природно и културно наследство во Охридскиот регион. Во 2017 година беа испратени 19 барања за да се подобрат состојбите но досега Македонија исполнила само три од нив.

Институциите со кои раководат истите луѓе веќе неколку години и кои се најповикани во ваквата ситуација не преземаат ништо за да се спречи уништувањето на Охрид со дивоградбите кои се пред се во заштитените зони.

Слично

Поврзани вести