Економија, финансии, бизнис

Контакт

Умрел во затвор од предозирање, а не бил зависник: Македонија ќе плаќа оштета за сомнителна смрт на двајца Роми

Умрел во затвор од предозирање, а не бил зависник: Македонија ќе плаќа оштета за сомнителна смрт на двајца Роми

Владата ќе треба да плати вкупно 24.000 евра на семејствата на две лица - мажи Роми кои умреле под сомнителни околности додека биле во затвор во 2017 година, соопшти Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР). Соопштуваат дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) затворил два случаи по постигната спогодба меѓу членовите на семејствата и Владата.

„Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, умрел во КПУ Идризово, Скопје на 11 март 2017 година. Беше известено дека умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога. Постојат докази дека, во часовите пред неговата смрт, Реџепов бил изложен на тортура. Неговите родители ќе добијат оштета од 6.000 евра поединечно.
Јусинов Ердал беше 25-годишен маж кој умрел на 22 март 2017 година во затворот КПД Штип откако, во часовите пред неговата смрт, не му била обезбедена медицинска нега. Јусинов бил женет и татко на 3-годишно момче и 1-годишно девојче. И во овој случај постојат наводи дека бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекари. Неговата сестра ќе добие оштета од 12.000 евра“, велат од ЕЦПР.

Овие смртни случаи биле дел од серија на четири сомнителни смртни случаи на затвореници Роми во период од девет месеци во 2017 година, во неколку затворски установи низ земјата.

 Ова е трет случај во последните години во којшто ЕЦПР ја тужеше Северна Македонија и обезбеди илјадници евра како компензација за семејствата на починатите. Ѓорѓе, претседателот на ЕЦПР вели дека ова треба да биде порака за одговорните дека институционалната дискриминација е скапа, а дека тие ќе осигураат дека таа скапо ќе ја чини државата. Истовремено, оттаму потсетуваат дека нивниот случај во врска со сомнителната смрт на друг Ром, 39-годишниот Бекир Демир, се уште чека разрешница пред Европскиот суд за човекови права


Слично

Поврзани вести