Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЛТИМАТУМ: Teтовските ученици бараат чист воздух или ќе бојкотираат

УЛТИМАТУМ: Teтовските ученици бараат чист воздух или ќе бојкотираат

Средношколците од Тетово денеска излегоа на протест пред Општината, со барање да се преземат мерки за почист воздух.

Според нив, општината е глува пред потребата на граѓаните за чист воздух. Тие бараат итни мерки за справување со аерозагадувањето. Доколку Општината за седум дена не започне со краткорочни и долгорочни мерки, најавија бојкот на наставата.

Со транспаренти и пораки тие денеска посочија дека загадувањето во Тетово ги урива рекордите и дека смртноста поради загадениот воздух постојано расте.

Протестираа ученици од македонските паралелки, кои велат дека имале притисоци да не излегуваат. 

Според научно истражување што го презентираа, 38 процентни од смртните случаи во Тетово на годишно ниво се поради загаден воздух.

Тетово и оваа година и лани има сериозни проблеми со загаден воздух. Само вчера и денеска има исклучок и воздухот е ниско загаден. Денеска поголемо аерозагадување има во Кавадарци. Македонија е една од најзагадените земји во Европа и на Балканот. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести