„Ултиматум - не, благодарам“ - граѓаните осми ден протестираат
Под мотото „Ултиматум - не, благодарам“ вечерва во Скопје се одржува осмиот по ред протест против францускиот предлог.
Демонстрантите пеат патриотски песни и извикуваат „Никогаш Северна, само Македонија“, „Оставка“. Тие бараат македонските власти да го отфрлат францускиот предлог. Пред Собранието интонирана беше химната.
Минатата недела имаше и немири, за што има и приведени лица.
Oд политичката партија Левица велат дека Арбер Адеми отворено покажа дека власта го крие протоколот.
фото принтскрин
Слично
