Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УЛОВЕН“ ИЛИ НАМЕРНО ИЗВЕДЕНО СЦЕНАРИО: Груевски безгрижно на прошетка, па на ручек низ Будимпешта

„УЛОВЕН“ ИЛИ НАМЕРНО ИЗВЕДЕНО СЦЕНАРИО: Груевски безгрижно на прошетка, па на ручек низ Будимпешта

За две недели јавноста ќе добие одговори за бегството на екс премиерот кој веќе два дена по ред слободно се движи низ главниот град на Унгарија. Ова го вети скопското обвинителство кое води предистражна постапка за бегството на Никола Груевски во Будимпешта.

Завчера фотографиран, а наредниот ден снимен како руча во скап ресторан, Никола Груевски и далеку од дома бега од медиумите.

Важен како никој да не му се обраќа, почесниот вмровски претседател со брзи чекори поита да се качи во автомобилот во кој го чекаше возач, одбивајќи да одговори на новинарските прашања од новинарот Барди Балинт.

Социјалните мрежи како да чекаа со нетрпение однекаде да се појави токму такво видео и да зовријат.

Разни коментари но и тези „дали новинарот Барди Балинт и медиумот  24.hu. кој го пласираше видеото и кој е близок до власта на Орбан намерно не му улета на екс македонскиот премиер“ во скапиот ресторан?

Се поставува прашањето дали можеби Никола Груевски сам не го исценирал ова негово појавување со цел Македонија да не го заборави? Кога е тој во прашање сѐ е можно, па дури и ова.

И.С.

Слично

Поврзани вести