Економија, финансии, бизнис

Контакт

Улиците во скопски Аеродром утре ќе се третираат со калциум магнезиум ацетат

Улиците во скопски Аеродром утре ќе се третираат со калциум магнезиум ацетат

Од град Скопје информираа дека утре  во скопски Аеродром околу 11.30 ч улиците ќе бидат прскани со средството калциум магнезиум ацетат.

Целта на третирањето е да се намали загадувањето на амбиентниот воздух, а со мерката ќе бидат опфатени булеварот Трета македонска бригада (од крстосницата со улицата Коста Новаковиќ до раскрсницата со булеварот Србија) и булеварот Србија (од крстосницата со булеварот 12.Македонска бригада до крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански).

На терен увид ќе се врши во присуство на градоначалникот на оваа општина  Ивица Коневски и таткото на градот Коце Трајановски.

Се препорачува возачите да внимаваат на брзината на управување на возилото, да се ограничат на 40 километри на час поради лизгавоста на коловозите и да ја почитуваат поставената сигнализација.

Слично

Поврзани вести