Економија, финансии, бизнис

Контакт

Улиците во Скопје посолени со 180 тони сол, а критичните места?

Улиците во Скопје посолени со 180 тони сол, а критичните места?

Продолжуваат активностите на зимската служба на Град Скопје, кои се на терен од почетокот на снежните врнежи, каде изминатава вечер се фрлени околу 180 тони сол на градските булевари и улици.

Во текот на ноќта екипите на зимската служба интервенираат низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот.

Препораките за возачите да возат внимателно и  да се придржуваат на условите на коловозите остануваат, а граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Сепак, изгледа дека зимските служби акцентот го удрија на главниот град, наместо на критични точки.
Автопатите се завеани уште од синоќа каде стотици возила и автомобили беа заглавени, превртени и излизгани.
За среќа, нема жртви.
Слично

Поврзани вести