УКРАЛЕ ВОЗИЛО ВО ВЕЛЕС И ОТИШЛЕ ДА КРАДАТ ВО СТРУМИЦА: Eдниот од крадците избегал од затвор
Велешани украле возило во Велес, па ограбувале куќа во Струмица.
Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 11 часот ги уапсиле Б.Д. (24) и С.У. (23), двајцата од Велес, осомничени за обид за кражба и физички напад врз две лица во Струмица.
На 25 април околу 09:15 часот, Б.Д. и С.У. биле затекнати во моментот кога се обидувале да извршат кражба од подрумска просторија во куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица. Тие физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото на настанот.
„По преземени мерки, двајцата биле пронајдени и приведени во Полициската станица Струмица. Во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е извршено препознавање, а при службен разговор осомничените признале дека претходно сториле уште едно кривично дело – „одземање на моторно возило“ на подрачјето на Велес. Дополнително, било утврдено дека Б.Д. бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Идризово“, велат од полицијата.
Против осомничените денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд Струмица.
