Украле клупа од јавен простор - полицијата ги приведе
Двајца кавадарчани вчера се приведени за кражба на клупа од јавен простор.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа уапсиле две лица осомничени за кражба на општинска клупа од јавен простор во градот.
Како што информира полицијата, вчера околу 22 часот биле приведени Е.М. (23) и А.М. (26), двајцата од Кавадарци, по претходна пријава дека на улицата „Видое Смилевски Бато“ одзеле клупа во сопственост на Општина Кавадарци.
По пријавата, полициските службеници извршиле преглед на автомобил марка „форд“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го возел А.М., при што во возилото е пронајдена и одземена клупата.
Двете лица биле спроведени во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
