Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАЛА ПАРИ ОД СОСЕД И ГИ ЗАКОПАЛА ВО СВОЈОТ ДВОР - еве како ја открила полицијата

УКРАЛА ПАРИ ОД СОСЕД И ГИ ЗАКОПАЛА ВО СВОЈОТ ДВОР - еве како ја открила полицијата

Украла пари од куќата на свој сосед, а потоа ги закопала во својот двор. 

Тоа го направила 44 годишна жена од Старо Коњарево Струмичко, а украдените пари му биле вратени на сопственикот.

„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07.04.2021, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот„, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи. 

Слично

Поврзани вести