Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украл рент а кар возило па газдата го претепал речиси до смрт

Украл рент а кар возило па газдата го претепал речиси до смрт

Крадец на возило од рент а кар компанија не успеал далеку да стигне со украдениот автомобил откако најпрво удрил во бетонски столб, а потоа бил фатен и крвнички претепан од страна на газдата на фирмата.

- По незгодата, Ф.А. пеш се дал во бегство, но сопственикот на рент а кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал. Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинса помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, информира МВР.

За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од МВР посочуваат дека за бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.


Слично

Поврзани вести