Украл лична карта за да подигне брз кредит
Во Скопје е приведен измамник од Крушопек кој со украдена лична карта сакал да подигне брз кредит од финансиско друштво, објави МВР.
„На 02.11.2023 околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско. Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува“, информира полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
