Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Утрово пред Министерството за одбрана беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година. Украинското знаме ќе се вее заедно со македонското до понеделник, 26 февруари.

На чинот на подигањето на знамето присуствуваа mинистерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

„Северна Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет.Досега Владата на Република Северна Македонија донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО“, соопшти министерството.


Слично

Поврзани вести