Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинска параглајдеристка повредена при пад на Галичица

Украинска параглајдеристка  повредена при пад на Галичица

Девојка од Украина е повредена при несреќа која што се случила попладнево околу 15 часот на планината Галичица. Таа изгубила контрола додека летала во неповолни услови и паднала во близина на македонско-албанската граница, покажуваат првичните информации. 

Од МВР велат дека несреќата се случила на падините на Галичица, но на албанската страна поради што наши екипи во координација со албанските колеги се упатиле на пребарување на теренот, во обид да ја пронајдат. Акцијата на нејзино извлекување е во тек.

Слично

Поврзани вести