Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД: Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД:  Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

Украински дрон леташе до градот Орск во Русија. 

Беспилотно летало со долг дострел, управувано од украинската воена разузнавачка служба (ХУР), изврши напад на воениот радар за рано предупредување на балистичката ракета „Воронеж М“. Радарот е лоциран во градот Орск во руската област Оренбург. Ова утрово за Киев Индипендент го потврдил извор од ХУР, а нападот е извршен вчера.

Се вели дека ова е првпат од почетокот на целосната руска инвазија на соседната земја Украина да нападне објекти во Орск. Изворот на Киев Индипендент изјави дека градот е на 1.800 километри од местото каде што беше лансиран дронот. Со ова е срушен рекордот во опсегот на напади од украински беспилотни летала на територијата на Русија.

Руските медиуми вчера објавија дека дронот паднал во Новоорск, предградие на Орск, а целта му бил воен објект. Нема извештаи за штети или жртви во нападот. Извор од воената разузнавачка служба на Украина изјави за Киев Индипендент дека се работи на разјаснување на последиците од нападот. Според извор на киевските медиуми, нападот предизвикал пожар на радарот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото: икс/принтскрин

Слично

Поврзани вести