Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина преку Подољак ни се заблагодари за испратеното оружје

Украина преку Подољак ни се заблагодари за испратеното оружје

Главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, на Твитер на македонски јазик се заблагодари за помошта од Македонија по испратеното оружје за Украина.

– Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова, напиша Подољак.

Северна Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина, а од Министерството за одбрана не потврдија дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“, туку само дека информацијата е класифицирана.


Слично

Поврзани вести