Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УКРАИНА МОРА ДА БИДЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА, СЕКОЈ ТРАЕН МИР МОРА ДА ГО ОБЕЗБЕДИ НЕЈЗИНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ“ - што се разговараше денеска во Лондон

„УКРАИНА МОРА ДА БИДЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА, СЕКОЈ ТРАЕН МИР МОРА ДА ГО ОБЕЗБЕДИ НЕЈЗИНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ“ - што се разговараше денеска во Лондон

Британскиот премиер Кир Стармер на денешниот состанок со европските лидери истакна дека добар мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа.

„Ќе ја задржиме воената помош за Украина и ќе го продолжиме економскиот притисок врз Русија за сега да ја зајакнеме Украина. Секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на преговарачката маса. Во случај на кровен договор ќе продолжиме да ги зајакнуваме одбранбените капацитети на Украина за да се спречи каква било идна инвазија. Ќе формираме „коалиција на подготвените“ кои ќе го бранат договорот во Украина и да гарантираат мир. Не секоја држава ќе биде во позиција да даде придонес, но тоа не значи дека ние само ќе останеме на страна. Обединетото Кралство е подготвено да го поддржи овој план со војници на терен и авиони во воздух заедно со други земји. Европа мора да го преземе тешкиот дел, но за да го осигураме мирот на нашиот континент и за да успееме овие напори мора да имаат силна поддршка од САД. Се наоѓаме на историска пресвртница“, изјави Стармер по завршувањето на самитот.

Тој наведе дека разговарал и со балтичките сојузници, кои, исто така се вклучени во барање решение за стабилност на Украина и на Европа.

Русија истовремено зборува за мир, но ја продолжува немилосрдната агресија“.

Стармер, по прекинатата средба помеѓу американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги покани европските лидери на средба во Лондон.

На средбата учествуваат претседателите на Украина, Финска и на Франција, Володимир Зеленски, Александар Стуб и Емануел Макрон, премиерите на Полска, на Шпанија, на Данска, на Холандија, на Шведска, на Норвешка, Чешка, Италија и Канада (Доналд Туск, Педро Санчез, Мете Фредериксен, Дик Шуф, Улф Кристерсон, Јонас Гар Сторе, Петр Фијала, Џорџа Мелони и Џастин Трудо), германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Британскиот премиер претходно наведе три клучни услови за постигнување на траен мир во Украина: силна Украина која ќе може да се бори доколку е потребно и добра преговарачка позиција за Киев; безбедносни гаранции од европските земји и поддршка од САД.

Додека Руте на Икс објави три пораки: Сите во Европа ќе мора да направат повеќе за да ја поддржат Украина; Сите сакаме мировен договор и тој мора да биде траен. Европа навистина треба да презема одговорност во овој процес; Европа да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја одржи силна Северноатлантската алијанса.

Слично

Поврзани вести