Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ја порази Македонија во Букурешт

Украина ја порази Македонија во Букурешт

Украина попладнево ја порази Македонија на Европското првенство во Букурешт. 

Двата гола Украинците ги дадоа во првото полувреме, а голот за Македонија го постигна Езѓан Алиоски. Првите минути беа изедначени, но како одминуваше времето Украинците се повеќе доминираа, се играше пред нашиот гол, а во 29. минута една топка дојде до Јармоленко кој постигна гол за водство на Украина од 1-0. Пет минути подоцна нов гол за Украина, овој пат Јармоленко додаде до Јаремчук кој постигна погодок за водство на противникот од 2-0. Во понеделник нѐ очекува пресметка со Холанѓаните. Претходно, Македонија изгуби од Австрија. 

Слично

Поврзани вести