Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени скоро 27 тони јаболка од магацин во Ресен

Украдени скоро 27 тони јаболка од магацин во Ресен

Украдени се 26.880 килограми јаболка од магацин во Ресен. 

З.Ј. од Ресен вчера пријавил во полиција дека во период од 18  до 20 јануари во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби, односно околу 26.880 килограми јаболка.

Увид на местото на настанот направила увидна екипа на Полициска станица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести