Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел

Украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел

Од Град Скопје соопштуваат дека изминативе денови украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел.

Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје.

„Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР“, информираат од Град Скопје. 

Тие ги повикаа граѓаните да бидат посовесни затоа што зелено Скопје е во интерес на сите. 


Слично

Поврзани вести