Украдена струја од 56.000 евра во станбено-деловен центар во Тетово
Утврдена е кражба на струја во вредност од 56.000 евра по претходни контроли во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово.
Информацијата доаѓа од тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија кој утврди тешка кражба на електрична енергија.
Објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, извести ЕВН Електродистрибуција.
Како што објавено од таму, констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта и директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.
„Од страна на Електродистрибуција се преземени мерки и е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428,00 денари“, пишува во информацијата.
