УКРАДЕНА Е ЕДНА ЕЛКА ОД ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА: Се оштетува новогодишната декорација
Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена, објави Скопје 1.
Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно е уништена макета – адвент-календар, поставен како дел од празничното уредување на центарот на градот.
Засега нема официјална информација дали случајот е пријавен и дали ќе има истрага за утврдување на одговорност.
Слично
