Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украден пиштол од НУБ „Климент Охридски“

Украден пиштол од НУБ „Климент Охридски“

Од сефот на Националната и универзитетска библиотека е украден пиштол, соопшти полицијата на која кражбата и била пријавена во петок попладне.

Точниот временски период кога се случила кражбата е неутврден, но се проценува дека се случила во текот на изминатите три години. Од сефот, кој бил оставен отклучен, бил украден пиштол „црвена застава“, а неговата вредност се проценува на 30.000 денари.

Полицијата презема мерки за да го пронајде сторителот на кражбата.

Љ.Н.

Слично

Поврзани вести