Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украден е паричник од пациент кој починал во ковид-центарот на Клинички

Украден е паричник од пациент кој починал  во ковид-центарот на Клинички

Од пациент кој починал во ковид-центарот на Клинички украле паричник.

Во полициска станица во Центар вчера е пријавено дека од пациент кој починал, а бил примен во ковид-центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје е украден паричникот во кој имало пари, лични документи и предмети.

Починатиот пациент имал 72 години, а пријавата ја поднел неговиот син. Кражбата се случила во периодот од 21 до 29 ноември.

Во ноември во Штип беше украден златен накит од починат пациент. Овој случај беше пријавен во полиција. 

Слично

Поврзани вести