Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украден е компјутер од полициски терминал на „Блаце“

Украден е компјутер од полициски терминал на „Блаце“

Некој украл компјутер од полициски терминал на „Блаце“. 

Компјутер бил украден од полициски терминал на граничниот премин „Блаце“. Од МВР за „Алсат“ ја потврдија кражбата, која се случила во просториите на терминалот за патници кои патуваат со воз.

Но, тие негираат дека е можно да дојде до опасност од следење на информациите и до кражба на податоци, бидејќи, според полицијата, уредот не бил поврзан на софтверската мрежа на МВР. Во писмениот одговор велат дека компјутерот веќе подолго време не бил во функција.

Слично

Поврзани вести