„Укинувањето“ на Катедрите за Македонски јазик и книжевност ја разбранува јавноста: Од каде потекна идејата
Шок за професорите од Катедерата за Катедрите за Македонски јазик и книжевност а богами и за јавноста, откако се појавија информации дека истите ќе се укинуваат.
Проесорите од Филолошкиот факултет веднаш обзнанија дека тврдењата се неточни, за на крај Љупчо Коцарев кој е на чело на МАНУ, да ретерира од изјавите и да каже дека истите се само негови личен став.
Многу брзо јавноста се крена на нозе, а Коцарев за поголем дел од медиумите рекол дека се радува што таква идеја не постои, посебно токму сега во годината кога ќе се слави 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на катедрата за македонски јазик.
Проф. Пановска-Димкова за Канал 5 рекла дека оваа информација ја примиле како шок и истата ја оквалификуваше како чиста невистина и манипулација.
Дека на никој не му паѓа да ги укине катедрите потврдил и премиерот Заев, кој рече дека нема вистина во информациите на првиот човек на МАНУ.
