Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави Заев
Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ова го кажа на трибината која се одржува во општина Шуто Оризари.
„Сите седум министри без ресор, коишто дадоа резултат, но немаа свој капацитет заради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе“, порача Заев.
Вели дека зголемениот степен на отвореност и транспарентност не и се допаѓа на политичката партија ДУИ и затоа таа партија оди во опозиција по изборите.
Слично
