Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКИНУВАЊЕ НА ДВОЈАЗИЧНИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ: Левица предлага измени во Законот за потрошувачи, бара пратениците да ги поддржат

УКИНУВАЊЕ НА ДВОЈАЗИЧНИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ: Левица предлага измени во Законот за потрошувачи, бара пратениците да ги поддржат

Партијата Левица го повика парламентарното мнозинство на седницата во понеделник да го поддржи нивниот Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите.

„Со овој закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии“, наведуваат од Левица во соопштението.

Партијата ја повика и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот, потсетувајќи дека во минатото тие го оспоруваа законот за двојазичност како противуставен.

„Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, додаваат од Левица.

Предлог-законот ќе се најде на дневен ред на пленарната седница во понеделник.


Слично

Поврзани вести