Укината забраната за продажба на алкохол по 19 часот
Со 62 гласа „за" пратениците денеска гласаа за измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот воведена во 2008 година од претходната влада.
Владата на Собранието во мај му предложи да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци, а со новите законски измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во
киосците.
Останува забраната за продажба на алкохол на
лица помлади од 18 години, како и забрана за продажба во продавниците во состав на
бензинските станици.
Трговските објекти за да можат да продаваат алкохолни пијалаци треба да поседуваат соодветни лиценци, иако Стопанската комора на Македонија, која беше иницијатор на законските измени, бараше и тие да бидат укинати.
