Економија, финансии, бизнис

Контакт

Укината првостепената казна за Сашо Мијалков во случајот „Трезор“

Укината првостепената казна за Сашо Мијалков во случајот „Трезор“

Првостепената казна затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, е укината од Апелациониот суд Скопје поради недоследности во доказната постапка.

Од таму донесено е ешение со кое се уважуваат жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор”, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување – известува Апелациониот суд.

Според Апелација, кривичниот суд направил „суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“.

Мијалков е осуден на единствена казна затвор во траење од 8 години, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, е осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години. Поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен  шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години, сите за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК.

Судот ги задолжи обвинетите Мијалков, Михајловски и Јакимовски, ако се потврди пресудата, солидарно да ја надоместат штетата на државниот буџет во износ од над 21 милион денари. Со пресудата се конфискуваат и  средства од фирмата „Финзи“.


Слично

Поврзани вести