Укината емисијата „Без ракавици“ на Дарко Јаневски
Емисијата „Без ракавици“ на Дарко Јаневски повеќе нема да се емитува на Алфа ТВ, соопшти водителот.
Јаневски во јавноста е познат како подржувач на десницата и толкувач на македонската историја. Личен пријател е со Миленко Неделковски и Мирка Велиновска.
- Со оглед на тоа што мојата емисија Без ракавици е укината, денеска нема ја да има ни стандардната најава. Како и да е, на сите што ме следеа во изминатите девет месеци, им благодарам за поддршката - истакна Јаневски на „Фејсбук“.
Тој беше главен уредник на весникот „Дневник“ се до неговото затворање, односно до деновите кога дојде до промена на власта во Македонија.
Додека сопственикот на весникот, Македонија Медиа Принт, беше во процес на стечајна постапка, Јаневски замина во Алфа ТВ.
А.К.
