Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКИМ ГИ ПОДГОТВУВА СТУДЕНТИТЕ ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД: Потпишан Меморандум за соработка со Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија

УКИМ ГИ ПОДГОТВУВА СТУДЕНТИТЕ ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД: Потпишан Меморандум за соработка со Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија

Водени од заедничката заложба за остварување и јакнење на нераскинливата врска помеѓу стопанството и достигнувањата во високото образование и науката, во насока на општествениот развој и подигнување на степенот на соработка во иднина, Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, преку кариерниот центар THRIVITY, на 2.02. 2021 година потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.

Целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар.

 Соработката ќе се реализира преку постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на:

-  соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар;

-  приближување (вмрежување) на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор;

-  воведување на Универзитетот: и THRIVITY-кариерен ден;

-  тrain the trainer-програма (оспособување на студентите за пренесување на стекнато знаење  во областа кариерно советување и практиканство);

-  стипендирање на постдипломци на Универзитетот.

Исто така, ќе се организираат работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации.


Слично

Поврзани вести