Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

По објавите кои открија блиска комуникација меѓу инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и полициски службеници со сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, од УЈП информираа дека донеле решение за суспензија на вработени лица опфатени со случајот.

„Во тек е внатрешна контрола и проверка на наводите, а суспензијата останува на сила сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба,“ соопштија од УЈП.

Дел од објавените комуникации укажуваат на можни коруптивни дејствија на инспектори и полициски службеници.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се води предистражна постапка која ги опфаќа УЈП и други институции поврзани со случајот. „Предметот е обемен и се работи на прибирање на докази кои треба да утврдат дали и каква одговорност има службени лица од институциите,“ рече Коцевски.


Слично

Поврзани вести