Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП СЕКОГАШ Е ИНТЕРЕСНА ЗА ПАЗАРЕЊЕ, НО ТЕШКО ДА ЈА ДОБИЕ АЛИЈАНСА - СДСМ не ја дава даночната администрација

УЈП СЕКОГАШ Е ИНТЕРЕСНА ЗА ПАЗАРЕЊЕ, НО ТЕШКО ДА ЈА ДОБИЕ АЛИЈАНСА - СДСМ не ја дава даночната администрација

Преговорите меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците сеуште течат, и нема најава кога премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на АА, Арбен Таравари, треба да ја одржат заедничката прес-конференција на која би информирале за поделбата на местата.

Освен што се вели дека за Алијанса се извесни министерствата за правда и за здравство, се споменува дека од АА се заинтересирани за една многу важна директорска позиција, а тоа е она на Управата за јавни прходи, институцијата која ги собира даночните и другите приходи во земјава, и која практично го одржува финансискиот крвоток на државата.

Извори од УЈП за Фактор сметаат дека се работи за шпекулации.

„Во сите политички преговори, УЈП секогаш е интересна за пазарење. Но, најверојатно се работи за шпекулации“, вели нашиот извор.

Соговорници велат и дека СДСМ не се расположени да го предадат ова место во рацете на Алијанса. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести