УЈП „растури“ кај данокот на добивка
Управата за јавни приходи рапидно по три квартали рапидно го зголеми фискалното зафаќање од претрпријатијата кај данокот на добивка за девет изминати месеци од 2018-та.
Од почетокот на јануари до крајот на септември инкасирани се 11,53 милијарди денари од стопанството по основ данок на добивка, што е подобрување од дури 25,67 отсто во однос на истиот период лани, објави УЈП во новата статистика.
Зголемување има и кај персоналниот данок на доход од 7,16 отсто, односно собрани 11,55 милијарди денари.
Негатива има само кај Данокот на додадена вредност (ДДВ) со собрани 35,22 милијарди и минус од 0,94 отсто во однос на првите три квартали во 2017-та.
Севкупно од сите три даноци, зафатени се 58,3 милијарди и вкупно пет отсто повеќе во однос на минатата година.
