Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: Истече рокот за плаќање даноци, следуваат камати и присилна наплата

УЈП: Истече рокот за плаќање даноци, следуваат камати и присилна наплата

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека на 16 април истекле законските рокови за плаќање на обврските по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повика сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата, тоа да го сторат во најкус можен рок.

Од УЈП предупредуваат дека доцнењето со плаќањето носи дополнителни трошоци по основ на камати, како и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други законски мерки.

Според податоците на институцијата, од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и персонален данок кај вршителите на дејност, кај 10.252 веќе е евидентирана уплата.

Во меѓувреме, УЈП започна со испраќање персонализирани известувања до компаниите и физичките лица кои имаат неизмирени обврски.

-Апелираме за навремено подмирување на долговите со цел да се избегнат дополнителни давачки и трошоци кои можат да го зголемат вкупниот долг и да влијаат врз работењето – порачуваат од УЈП.

Од институцијата нагласуваат дека непочитувањето на роковите може да резултира со еднократни такси, банкарски трошоци и други финансиски последици за обврзниците.

Слично

Поврзани вести