УЈП ги потсетува граѓаните да пријават данок до 15 март
Управата за јавни приходи на Македонија (УЈП) ги потсетува обврзниците на персоналниот данок на доход и сите приходи кои ги оствариле минатата година дека треба да ги пријават најдоцна до 15 март.
Според соопштението од УЈП, граѓаните треба задолжително да поднесат Годишна даночна пријава (ГДП), доколку во текот на 2012 година издавале под закуп (кирија) или подзакуп станбен или деловен простор, земјиште, викендица или друг вид на имот, склучиле авторски договор или сте оствариле приход од права од индустриска сопственост, им била исплатена дивиденда или камати по основ на заем, оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, оствариле добивка од игри на среќа,од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри, ако имаат лични примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, или оствариле и „други приходи.
Управата ги потсетува граѓаните да не чекаат последен момент за да ја исполнат својата граѓанска должност.
„Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) е бесплатна и можете да ја преземете преку веб страницата на УЈП или да ја побарате во даночните канцеларии, а пријавата може да се поднесе и електронски доколку поседувате дигитален сертификат на УСБ токен“ се вели во соопштението од УЈП.
Според последните податоци, до УЈП се доставени вкупно 30.933 Годишни даночни пријави. До истекот на рокот, се очекува 200 илјади граѓани да ги пријават дополнителните приходи во Управата.
Слично
