Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП БАРА КАНДИДАТИ ЗА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ, ПЛАТИТЕ ДОСТИГНУВААТ И ДО 50 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – ќе пополнуваат осум позиции низ земјава

УЈП БАРА КАНДИДАТИ ЗА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ, ПЛАТИТЕ ДОСТИГНУВААТ И ДО 50 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – ќе пополнуваат осум позиции низ земјава

Министерство за финансии објави оглас со кој се бараат кандидати кои би работеле во Управата за јавни приходи. Огласите се поставени на веб страната на Агенцијата за администрација, а во нив може да се види дека се бараат заинтересирани лица кои би работеле на различни места низ земјава.

Условите запријавување на огласите се горе доле слични како и за повеќето државни функции. Се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Дополнително, потребни се:  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик  и положен правосуден испит. 

Се бара идните членови на семејството на УЈП да имаат високо образование,з а дел од позициите работното искуство не е задолжително, но за дел е задолжително.

Од огласите може да се види дека платите за овие различни позициите се движат од 27 илјади денари, до 54 илјади денари.

Едната позиција која ќе се пополнува е Даночен референт за даночно сметководство, Служба за регистрација, утврдување и даночно сметководство во одделението во Струга. Платата за оваа позиција е благо над 27 илјади денари, а потребно е искуство од најмалку една година.

Благо повисока плата се нуди за позицијата Даночен оператор во повикувачки центар за Генерална дирекција, и исто така услов е една година искуство.

Се бара и Асистент за утврдување на данок на даночни обврзници - правни лица, за регионална дирекција Скопје, и за оваа позиција се нуди плата од скоро 40 илјади денари, или 39.476 денари.

Истата плата ќе ја добие и ИТ инженер кој би се вработил во УЈП. Имено се бара Советник за ИТ безбедност за работа во гереналната дирекција.

Малку повисока плата, или 35.814 денари ќе биде месечната плата за лицето кое ќе се вработи како помлад даночен извршител за централизирани активности за наплата на долгови.

За позицијата Раководител на оддел за имплементација на данокот на добивка се нуди плата од 45.820 денари.

Највисоката плата со овој оглас се нуди за позицијата Раководител на сектор за регистрација и утврдување на даноци и тоа од 52.862 денари.

Работното време за сите позиции е слично, осум часа во текот на денот од понеделник до петок. Дел од огласите истекуваат на на 25ти, а друг дел на 26 март. Сите детали на веб страната на Агенцијата за администрација.

По изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции. Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, Собранието, Министерството за транспорт, Министерство за финансии...

П.О.

Слично

Поврзани вести