Економија, финансии, бизнис

Контакт

УХМР: ТОПОЛ БРАН ОД ЧЕТВРТОК ДО НЕДЕЛА, температурите ќе надминат 40 степени

УХМР: ТОПОЛ БРАН ОД ЧЕТВРТОК ДО НЕДЕЛА, температурите ќе надминат 40 степени

Пеколните температури кои ја зафатија Европа се приближуваат и кон Македонија

Денеска Управата за хидрометеоролошки работи објави дека ни се приближува топол бран кој ќе ја зафати нашата земја, и ќе трае најмалку до крајот на неделата. 

- ТОПОЛ БРАН. Од четврток до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје дневната температура во овие денови ќе биде околу 40 степени - е наведено во објавата на УХМР.

Од таму дополнуваат дека од четврток до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.


Фактор претходно објави ВОНРЕДНА НАЈАВА од метеорологот Славчо Поповски, кој укажа дека и нашата земја ќе биде зафатена од суша и  високи температури. 

Поради високите температури кои ја зафатија Европа избија голем број пожари низ неколку земји. 

За жал веќе има две жртви во Шпанија, а пожарите и понатаму беснеат.

Слично

Поврзани вести