Економија, финансии, бизнис

Контакт

УХМР со прогноза за времето идната недела

УХМР со прогноза за времето идната недела

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 19 до 26 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 24 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени, соопштуваат од УХМР. 

Во планинските подрачја кон крајот на работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи.

Слично

Поврзани вести